Општина Кочани ќе гради 11 улици со заем од Светска банка

Од:

Општина Кочани ја доби писмената согласност од Министерството за финансии за долгорочно задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, преку компонентата Општински инвестиции. Станува збор за подзаем за изградба на 11 улици во градот и во пет населени места, а во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги.

Износот на подзаемот е близу 45 милиони денари со рок на отплата до 13 години, вклучен грејс-период до три години и со иста каматна стапка што државата ја плаќа кон Светска банка.

– Претставници од Светска банка направија контрола и сите проекти за улиците се позитивно оценети, со што имаме одобрување за висината на заемот, како и за неповратни средства од 12 милиони денари по завршување на проектот. Тоа значи дека локалната самоуправа треба да добие вкупно 57 милиони денари, од кои ќе врати 45 милиони во рок од 10 години, со каматна стапка од 0,1 отсто, што е најпоповолно задолжување до сега, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

За да се исполнат барањата на Светска банка, во вторник ќе се одржи јавна расправа со граѓаните на која ќе се разговара за улиците што треба да се градат, како и за задолжувањето, намената, условите и ефектите од заемот.

Општинското раководство најави дека ќе продолжи да работи на подобрување на кредитоспособноста на локалната самоуправа за да може да одговари на потребите за побрзо решавање на инфраструктурните проблеми на граѓаните на Кочани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот