Општина Кочани издвои еден и пол милион денари за прскање против комарци

Од:

Околу 1.200 хектари од централното градско подрачје во Кочани ќе биде опфатено со прскање од земја против комарци за кои општината оваа година ќе издвои еден и пол милион денари.

Од општината информираат дека со авионското прскање пак, се планира да биде опфатена површина од 3.400 хекатари, пред се во градот и во низинскиот дел од општината,

Прскањето против комарците ќе се реализира според однапред подготвен план во координација со соседните општини во регионот, заради поголема ефикасност од третманот, но и за намалување на трошоците. Првиот третман се планира за крајот на мај.

-Следејќи ги прописите и стандардите за овој вид услуги, во акцијата ќе се користат еколошки инсектицид и ларвицид одобрени од Бирото за лекови, а кои се дозволени за третирање против комарците, појаснуваат од општината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот