Општина Кочани го продолжува субвенционирањето на јавниот градски превоз

Од:

Општина Кочани и во наредниот едногодишен период ќе го субвенционира јавниот градски превоз, при што на превозникот ќе му плаќа половина од цената на билетот што чини 20 денари за едно возење.

По донесената одлука на општинскиот Совет услугата да се реализира и во наредниот период, од буџетот се обезбедени над 800 илјади денари за оваа намена.

Во тек е постапка за избор на нов превозник, откако на досегашниот му истече договорот, а од локалната самоуправа најавуваат измени во начинот на субвенционирањето за да се избегнат неправилности во плаќањето.

– Со измените и дополнувањата што ги донесовме се предвидува за отворање на нови линии, за нивно продолжување, скратување или укинување да одлучува Советот на општината по предлог на градоначалникот, ако за тоа претходно се исполнети неопходните сообраќајно-технички и економски услови. Токму воведувњето на овој нов член во одлуката за градскиот превоз, што претходната локална власт го немаше ставено во документот, ги подгреваше сомневањата во јавноста дека имало неправилности, па и надлежните органи спроведоа соодветна истражна постапка, истакна Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Во изминатиот период продажбата на билети е во постојан пораст, така што од почетните седум илјади, минатата година се продадени неколкукратно повеќе.

Општина Кочани беше прва во источниот регион која пред четири години го воведе линискиот градски превоз на патници, при што се определени 42 автобуски постојки во градот и во населбата Оризари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот