Општина Кисела Вода започна со санација на „Студеничанска“ во село Драчево

Од:

​Денес, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски изврши увид во работните активности за санација на ул. Студеничанска, во село Драчево.

Со градежните зафати, на ул. Студеничанска, ќе се изврши целосно гребење на асфалтот и истиот ќе биде заменет со нов слој. Додека пак, на останатиот дел ќе се изврши крпење на ударните дупки. Покрај ова, на улицата ќе се постават и легнати полицајци, со што ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Градоначалникот Филип Темелковски, при увидот се сретна и со жители на селото Драчево, со кои разговараше за проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат, како и за изнаоѓање на решение за истите. Активностите на терен ги изведува фирмата Изолација ДОО.

Воедно, вчера локалната самоуправа започна и со активности за санација/крпење на ударни дупки на улиците во село Усје.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он