Општина Кисела Вода во соработка со Волонтерски центар – Скопје и ХОПС спроведе голема еколошка акција

Од:

Општина Кисела Вода се приклучи на иницијативата на Волонтерскиот центар – Скопје за заедничко расчистување на сметот на ул. „Емил Зола“ во УЗ „Цветан Димов“.

„За успешно спроведување на акцијата за чистење беа вклучени членови на Волонтерски центар – Скопје, сезонски работници на локалната самоуправа, како и дел од вработените во Одделението за животна средина и Секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со опшествените организации. Во овие активности беше вклучен и еден камион на Општината.

Покрај оваа акција, денеска Општина Кисела Вода во соработка со невладината организација ХОПС по добиена пријава од граѓани спроведе работни активности за расчистување на медицински отпад (шприцови, игли и др.) во УЗ „Расадник“.

Граѓаните во иднина доколку детектираат медицински отпад одложен на јавни површини, потребно е да пријават кај лицата задолжени за расчистување на истиот во невладината организација ХОПС – опција за здрав живот на телефонски број: 075 769 948.

Општина Кисела Вода повторно апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота. Општината како досега така и во иднина останува отворена за соработка со граѓаните, граѓанските организации и сл“, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода