Продолжува акцијата на локалната самоуправа за расчистување на сметот во општина Кисела Вода.
Во склоп на зацртаните активности на Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, во текот на вчерашниот и денешниот ден се работеше на отстранување на сметот акумулиран, пред се, на блоковското зеленило, локации кои генерално се во надлежност на заедниците на сопственици на станари кои од Општината побараа да им излезе во пресрет и да им помогне во расчистувањето.
Се чистеше во урбаните заедници 11 Октомври Бараки и Драчево каде беа собрани вкупно 7 тони смет. Акцијата продолжува на целата територија на Општина Кисела Вода. Утре, 11.01.2018 четврток, ќе се чисти во 11 Октомври згради, каде ќе бидат ангажирани 35 сезонски работници.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.