Општина Кисела Вода собра 7 тони кабаст отпад

Од:

Со акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема која Општина Кисела Вода во сработка со ЈП „Комунална хигиена“ ја започна вчера, досега во урбаните заедници Црниче и Пржино собрани се 7 тони отпад.

„Покрај оваа акција, во истите урбани заедници се одвиваат и активности за расчистување на отпадоците одложени од страна на несовесни граѓани на тротоарите, улиците и тревните површини. Се средуваат детските игралишта, а се кастрат и исушените гранки на дрвјата и грмушките.

Акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема ќе продолжи да се одвива следната седмица во четврток и петок во УЗ Драчево, МЗ Драчево и МЗ Подстаница.

Локалната самоуправа апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за чиста Кисела Вода“, соопштуваат од Општината.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ