Општина Кисела Вода поплочува неколку улици во Усје

Од:

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска изврши увид во градежните активности кои се одвиваат во Усје.

Улицата „Борис Трајковски“ крак 20 ќе биде целосно поплочена со павер елементи. Поплочени ќе бидат и трите краци на оваа улица во должина од 280 метри.

– Екипите на градежната фирма која е на терен треба да ги завршат своите активности во наредниот период, по што улиците во населеното место Усје ќе добијат подобрен лик, а неговите жители подобри услови за живеење. Општина Кисела Вода ќе продолжи со санација на улици кои се на нејзина територија, соопшти општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода