Општина Кисела Вода почна со дератизација

Од:

Со 20 сезонски работници, механизација, два камиона и еден багер, Општина Кисела Вода го чисти дворот на основното училиште „Кузман Шапкарев“ во Драчево.

Градоначалникот Филип Темелковски денеска направи увид во акцијата, а Општината апелира граѓаните да ги фрлаат отпадоците во поставените корпи и контејнери и да се придржуваат до Законот за јавна чистота.

Општина Кисела Вода почна и со есенска дератизација за уништување глодари. Активностите стартуваа од населбата Драчево и ќе продолжат во сите месни и урбани заедници. Опфатени ќе бидат 3.863 шахти.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ