Општина Кисела Вода почна со чистење на одводните канали

Од:

Општина Кисела Вода почна со акција за чистење на одводните канали на територијата на општината. Ангажираните работници од утринава работат на расчистување на Мала Рада. Од наталожената тиња и од отпадот фрлан од несовесните граѓани се чисти простор од мостот на Партизански Пат па се до пречистителната станица во Студеничани.

Во текот на акцијата ќе биде опфатено и чистење на Црниот канал од улицата Малешевска до спојот со каналот на Мала Рада во Потстаница, наведуваат од општината.

Акциите за чистење на одводните канали се дел од редовните активности на општина Кисела Вода и се одвиваат во летниот и почетокот на есенскиот период, а по потреба и почесто.

Општината уште еднаш апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота. Фрлањето на отпад во одводните канали, прави штета, пред се’, на жителите на Општината и на нивното секојдневно живеење.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он