Општина Кисела Вода на 15 септември ќе почне да собира кабаст отпад

Од:

Општина Кисела Вода информира дека на 15 септември ќе започне да спроведува акција за собирање кабаст отпад, стар мебел и електронски уреди.

Општината, услугата за собирање и транспорт на отпадот, ќе ја врши бесплатно со свои возила од домовите на граѓаните.

„Со цел за заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид 19, работниците кои ќе бидат вклучени во активностите, истите ќе ги вршат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство.

Жителите на Кисела Вода, секој работен ден, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, услугата за собирање на отпад можат да ја побараат на телефонскиот број 072/313-331“, информираат од Општината.

Кисела Вода апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота и со тоа да придонесат за чисти паркови и чисти зелени површини.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода