Општина Кисела Вода ќе го одбележи 58. роденден

Од:

Општина Кисела Вода денеска со неколку манифестации ќе го одбележи 58-от роденден.

Во 10 часот ќе се одржи Седница на Советот на општина Кисела Вода, на која градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ ќе додели благодарници на личности кои оставиле печат во работата и развојот на општината.

Потоа предвидена е голема забава со Буба-клубот и мото клубот „Ноќни волци“ во урбаната заедница Расадник, во близина на кафулињата „КВАТРО“ и „ГЕТ“. Ќе се доделат награди за најубаво уреден двор и тераса во општината. Победниците бесплатно ќе летаат во балон.

Во попладневните часови, од 17:30 до 19 часот во паркот „Шопен“ ќе се одржи хуманитарна коријада. Присутните граѓани по симболични цени ќе можат да дегустираат дел од питите, подготвени од пензионерките од Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода