Општина Кисела Вода ќе ги унапредува спортските клубови

Од:

Спортот во општината, мора да заживее, а општина Кисела Вода ќе биде двигател на клубовите во насока на развој на спортот. Ова е генералниот заклучок од денешната средба на спортските клубовите кои егзистираат на територијата на општина Кисела Вода со градоначалникот Филип Темелковски.

Претставниците на спортските клубови ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел 1862, КК Ангели, РК Спартак, РК Металург-јуниор како и Унијата на спортски педагози Кисела Вода, ја истакнаа благодарноста кон Општината за одлуката да тренираат и да ги играат натпреварите бесплатно во спортските сали „Независна Македонија“ и „Архиепископ Доситеј“ притоа, давајќи им подеднаква шанса на клубовите добро да се организираат и на спортистите да им овозможат квалитетен тренажен процес.

Клубовите меѓу другото, истакнаа, дека, имаат потреба од повеќе термини за тренинг во спортските сали бидејќи сакаат во Општината да ги сместат сите возрасни категории на своите екипи. Исто така, беше потенцирано, дека, имаат финансиски проблеми, но и покрај тој хендикеп, сметаат дека, со помош на општината, успешно ќе ги реализираат своите програми во спортската сезона која е во тек.

-Нема дилема, дека, економските услови се клучни за стабилизирање на спортските клубови кои егзистираат во Кисела Вода а секако, тука клучни се и условите за тренинг и натпревари. Општината размислува во следната година да реализира серија проекти кои значат унапредување на спортските клубови, но и севкупно унапредување на спортот во Општината. Дел од проектите ќе бидат реализирани од буџетот на Општината, дел од нив ќе се реализираат заедно со Агенцијата за млади и спорт, а голема помош очекуваме и од стопанските субјекти кои егзистираат во Општината во делот на финансирање на клубови, според измените во Законот за спорт,- меѓу другото потенцираше градоначалникот Филип Темелковски.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода