Општина Кисела Вода и „Технолаб“ изработија катастар на загадувачи

Од:

Општина Кисела Вода во соработка со „Технолаб“ ДОО Скопје согласно Законот за животна средина изготви катастар на загадувачи кој ги содржи потребните податоци за деловните субјекти, кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина на нејзината територија.

„Катастарот го изработи експертски тим на „Технолаб“ со собирање на податоци кои се вметнати во картите на загадувачи.

Целта на катастарот е преку него да се добие квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата на емиторите и емисијата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата и генерираниот отпад, заради следење на трендовите на основните индикатори за квалитетот на животната средина на територијата на локалната самоуправа, како и за контрола за успешноста на мерките кои ќе се преземаат.

Базата на податоци и обработката на истите, на институциите ќе им служи како инструмент за одржливо управување со квалитетот на животната средина“, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода