Денес, Општина Кисела Вода започна со акција за расчистување на сметот во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.
Во овие урбани заедници, во моментов се одвиваат работни активности за расчистување на сметот/отпадот на јавните површини, кои се во надлежност на локалната самоуправа.
Со оваа акција, опфатено е кастрење на гранките на дрвјата, а во исто време се собира и кабаст отпад. За успешно одвивање на работните активности, Општината ангажира 25 сезонски работници.
Локалната самоуправа од почетокот на есенската акција за чистење на својата територија, досега активности за расчистување на сметот/отпадот изврши во повеќе урбани и месни заедници.