Општина Кисела Вода го одбележа Светскиот ден на учителите

Од:

Со пригодна свеченост, Општина Кисела Вода денеска даде свој придонес во одбележувањето на Светскиот ден на учителот. На настанот на кој присуствуваа градоначалникот Филип Темелковски, советници од Советот на Општина Кисела Вода, раководителот на секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, директори и наставници од основните училишта на територија на општината и повеќе гости, се зборуваше за важноста на учителот во формирањето на личноста на учениците, за одговорноста со која се соочува преку подготовката што тој им ја прави за светот кој тие ќе треба да го обликуваат и движат.

„Најпрво, сакам да го честитам 5 Октомври, Светскиот ден на учителот. До сите наставници од општина Кисела Вода во овој момент сакам да упатам порака – да соработуваме заедно бидејќи Општината сака да биде партнер на образованието. Сите работи што ќе ги правите сакам да ги правиме заедно со вас – директорите и наставниците. Да изградиме заедно едно модерно општество, да изградиме младина со која ќе се гордееме во иднина. Откако ќе ни завршат мандатите на сите нас, да можеме да се завртиме и да речеме – ова се нашите ученици, луѓето кои ќе донесат промени во општината и во државата.

Како општина вложуваме во многу во почитувањето на личноста и интегритетот на наставниците. Во таа насока се и промените што ги направивме со кои сакаме да го стимулираме наставниот процес и со кои очекувме дека ќе го подобриме наставниот процес и ќе креираме младина со која сите ќе се гордееме. Уште еднаш, ви го честитам Светскиот ден на учителот и се надевам дека заедно ќе ги направиме успешните реформи. Ви благодарам за соработката и ви посакувам успешна понатамошна работа”, истакна во своето обраќање градоначалникот Темелковски.

Во рамки на одбележувањето на 5 Oктомври, беа доделени и благодарници на наставниците со најдолго работно искуство во воспитно-образовниот процес во основните училишта на територија на општина Кисела Вода.

Благодарници добија:
-Марина Милеска од ООУ „Невена Георгиева Дуња”, наставник по географија со 35 години и 10 месеци работно искуство;
-Драга Филовска oд ООУ „Кирил Пејчиновиќ”, одделенски наставник со 36 години и 11 месеци работно искуство;
-Билјана Јовановска oд ООУ „Партенија Зографски”, одделенски наставник со 37 години и 11 месеци работен стаж;
-Тасиќ Риса oд ООУ „Рајко Жинзифов”, наставник по техничко образование со 38 години работно искуство;
-Надица Христовска oд ООУ „Кузман Јосифовски Питу”, наставник по математика со 39 години и 3 месеци работен стаж;
-Елица Илиоска oд ООУ „Св. Климент Охридски”, одделенски наставник со работно искуство 41 година и 5 месеци;
– Добри Јованчов oд ООУ „Круме Кепески”, наставник по хемија со 41 година и 9 месеци работен стаж;
– Снежана Цветаноска oд ООУ „Кузман Шапкарев”, наставник по биологија со работно искуство 43 години и 1 месец, која воедно е и наставник со најдолг стаж во воспитно-образовниот процес.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода