Општина Кисела Вода ги објави контакт броевите за упис на првооделенци

Од:

Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемијата, при уписот на првооделенците во основните училишта во Општина Кисела Вода, кој почнува на 1 јуни, Општината денеска ги објави телефонските броеви на училиштата, на кои родителите треба задолжително да закажат прием.

– Потребно е родителите задолжително да закажуваат прием во основните училишта на следните телефонски броеви: ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ – психолог; Злата Анчевска 078 248 628, дефектолог Маја Бањанска, 078 416 017 и одделенски наставник Светлана Симоновска 078 447 399; ООУ „Партенија Зографски“ – одговорно лице Елена Петрушевска, педагог, 078 200 271; ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – тел 078 344 993 Калина Спироска педагог; тел. О2 2776 230; ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – oдговорно лице е педагогот на училиштето Жаклина Стојановска тел. за контакт 075 246 465; ООУ „Круме Кепески“ – Павлина Трипуновска- Директор, тел: 078/356-120 и Сашка Донева- секретар, тел: 078/356-124; ООУ „Рајко Жинзифов“ – централно: педагог Весна Рафеска тел: 070 344-279 подрачно:психолог Јасмина Пакашки тел 075 288 261, соопшти Општина Кисела Вода.

Во основното училиште „Кузман Шапкарев“ рпосителите треба да се јават на педагогот Марта Стојановска – тел. 075/373-093, а во училиштето „Св.Климент Охридски“ одговорно лице е Елена Петрушевска, педагог, тел. 078 200 271.

Општина Кисела Вода известува дека уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2020 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2014 година.

Уписот ќе се врши од 1 до 30 јуни 2020 година во општинските основни училишта на територија на Општина Кисела Вода, со целосно почитување на реонизацијата и местото на живеење на децата.

– Родителите се должни при уписот, да ја достават следната документација: извод од матична книга на родени за детето; потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа и потврда за извршен стоматолошки преглед, издадена од матичен стоматолог, соопштина општинските власти.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода