Општина Кисела Вода додели 65 ваучери за новороденчиња

Од:

Општина Кисела Вода додели 65 нови ваучери за новородените дечиња од општината, 28 за женски и 37 за машки, соопштија од општината.

Како што посочија оттаму еднократната парична помош која е во висина од 6 000 денари се доделува на семејствата кои се со адреса на живеење на територијата на општина Кисела Вода.

„За добивање на истата семејствата кои имаат принова заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето“, се наведува во соопштението од општината.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода