Општина Кисела Вода додели 53 ваучери за новороденчиња

Од:

Секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски денес во просториите на општината на семејствата кои имаат принова им додели ваучери во износ од 6000 денари.

Од доделените 53 ваучери, 31 беа за женски и 22 за машки дечиња.

Имено, овој проект кој има за цел да им помогне на семејствата за нивните први потреби кои доаѓаат со новороденчето.

За истиот можат да аплицираат семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител.

Тие заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он