Во пресрет на новогодишните празници денес секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски додели 98 ваучери за новороденчиња, од кои 54 за машки и 44 за женски деца. Со ова од почетокот на 2018 досега општината има доделно вкупно 440 ваучери.
Оваа еднократната парична помош која е во висина од 6000 денари ја добија семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на територијата на локалната самоуправа.
Имено, сите заинтересирани за добивање на овој ваучер потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата може да се поднесат во рок од 90 дена, од денот на раѓање на детето, соопштуваат од Општина Кисела Вода.