Општина Кисела Вода додели 42 нови ваучери за новороденчиња

Од:

Општина Кисела Вода денеска додели 42 ваучери за новороденчиња, од кои 13 за машки, а 29 за женски дечиња. Со тоа бројот на ваучери со еднократна парична помош кои оваа локална самоуправа ги доделува изнесува 1.652.

Како што соопшти општина Кисела Вода, се работи за проект од програмата од социјалната сфера на општината, донесена по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржана од Советот на општината.

Ваучерот има за цел да им помогне на новите родители од овој дел на градот за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето и ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител.

При поднесување на барањето треба да достават  на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов