Општина Кисела Вода и Црвениот крст-Кисела Вода со проект за помош на граѓаните од високите температури

Од:

​Обележано возило на Црвениот крст ќе патролира низ најфреквентните улици во Општина Кисела Вода во деновите кога температурите ќе бидат над 35 степени, до граѓаните ќе се дистрибуира и ќе се дели студена вода за пиење, ќе се даваат медицински совети на оние кои ќе се пожалат на тегоби.

„За потешките случаи е обезбеден и транспорт до нивниот дом. Овие активности се дел од проектот „Топлотен бран” кој Општина Кисела Вода и годинава го спроведува во соработка со општинската организација на Црвениот Крст-Кисела Вода заради полесно справување со високите температури.

Во рамките на истиот, совети и корисни информации поврзани за превенција од евентуални несакани последици по здравјето поради високите температури, од страна на дежурен лекар, граѓаните можат да добиваат на броевите 02 3211417 и 071289203, секој работен ден, во периодот од 11 до 16 часот.

Се работи за проект во кој локалната самоуправа учествува со кофинансирање, а истиот е содржан во Програмата за 2018 год. на Сектор за месна самоуправа и социјална грижа, заедно со општинската организација на Црвен Крст на Кисела Вода“, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ