Општина Кавадарци во работна посета на општина Инѓија во Србија

Од:

Осумчлена делегација на општина Кавадарци престојуваше во работна посета на општина Инѓија во Република Србија.

Секретарот на локалната самоуправа Кире Делов, кој ја предводеше делегацијата составена од архитекти, градежници, правници, денеска на прес-конференција рече дека целта на посетата била запознавање со искуствата кои ги има општина Инѓија како брзорастечка општина во економијата, во делот на градежното земјиште, просторното планирање и урбанизацијата.
– Кавадаречките претставници ги интересираше таканаречениот географски информативен систем ГИС, рече Делов.

Тој нагласи дека посетата била искористена за да се запознаат домаќините со искуствата за привлекување на странски инвестиции во Кавадарци. Биле разменети и искуства на економски план. Се разговарало за функционирањето на подземната инфраструктура, администрацијата во локалната самоуправа итн.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он