Општина Карпош во чекор со светскиот тренд за климатските промени

Од:

Проектот „Реконструкција на резиденцијални објекти“ на Одделението за заштита на животната средина при Општина Карпош, на 9. мај годинава беше претставен на округлата маса на Годишната конференција на Климатската алијанса која се одржа во Луксембург.

Општина Карпош од минатата година е прва и засега единствена членка од Македонија и од Балканот на оваа интернационална асоцијација, а нејзин претставник годинава првпат учествуваше на годишната конференција на сите членови на алијансата. Климатската алијанса, чии членки се општини од повеќе од 50 европски земји, своето дејствување го насочува кон намалување на емисиите на стакленички гасови со тенденција за контрола на климатските промени и рационализација на употребата на енергетските извори со примена на енергетска ефикасност.

Претставникот на локалната самоуправа на Карпош, како рамноправна членка на меѓународната организација, на годинашната конференција учестуваше и во креирањето на политиката на проширување на Климатската алијанса, но и во одредувањето на нејзините финансиски политики.

opstinaKarposLuksemburg (1)

Конференцијата на Климатската алијанса годинава се одржа од 7 до 10 мај во Луксембург, а нејзината цел е споделување и размена на искуствата во поглед на справувањето со климатските промени, намалувањето на емисиите на стакленички гасови и енергетската ефикасност, со акцент на тоа како локалните власти можат да придонесат во поглед на подобрување на состојбата со загадувањето и подигнување на свеста за рационализација на потрошувачката на енергија.

Општина Карпош за учество на конференцијата аплицираше со проектот „Реконструкција на резиденцијални објекти“, кој беше презентиран меѓу 18 други проекти. Овој проект на Одделението за заштита на животната средина, предвидува во периодот до 2016 година, од вкупно 166 постоечки објекти, 85 да бидат предмет на реконструкција, а досега реализацијата е спроведен а кај шест.

Во текот на конференцијата, која се одржа во седиштето на локалната самоуправа на Луксембург, беше претставена и монетата на Климатската алијанса за која идејата е да стане платежно средство за членките на алијансата со кое тие би ги раздолжувале своите надминувања на границата во поглед на загадувањето. Исто така, во текот на сесиите на конференцијата, претставникот на Општина Карпош, Јованче Цветаноски, воспостави врски со останатите учесници и претставници на членките на организацијата, со што се отвораат можности за аплицирање за користење на средства од фондовите на алијансата.

 

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира