А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Карпош: Труењето на кучињата ќе биде строго санкционирано

by А1он11/12/2017 - 11:43135
Share0

Вчеравечер, на територија на Општина Карпош се отруени неколку кучиња како последица на оставен отров од страна на несовесни сограѓани.

Добивај вести на вибер

Општина Карпош најостро го осудува овој нечовечки чин на труење на уличните кучиња и миленици.

Од Општина Карпош информираат дека се во постојана координација со надлежните државни органи околу спречување на ваквите инциденти и незаконски постапки.

„Локалната самоуправа решително пристапи кон решавање на овој актуелен проблем кој нѐ засега сите. За таа цел веќе утрово стапивме во комуникација со ПС Карпош со кои се договоривме заеднички да делуваме на терен, што подразбира мапирање на откриените отрови, нивно отстранување и идентификација на сторителите.

Исто така, службите за хигиена и комуналните редари на Општината добија дополнителна обврска за засилена контрола и отстранување на отровите кои се расфрлани на јавен простор, односно во парковите, зелените површини и околу зградите.

Општина Карпош апелира до сите граѓани на разумно однесување и зголемена грижа за милениците. Како локална самоуправа сме во процес на изнаоѓање на трајно и хумано решение, како за зголемена безбедност на граѓаните, така и за заштита на уличните кучиња и домашните миленици.

Сакаме уште еднаш да потсетиме и да предупредиме дека расфрлените отрови се директна закана за милениците, но и потенцијална опасност за децата и за сите карпошани.

Труењето на кучињата ќе биде строго санкционирано согласно важечката законска регулатива“, соопштуваат од Општина Карпос.

karpos

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски07/03/2026 - 13:1707/03/2026 - 13:47

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски06/03/2026 - 11:4106/03/2026 - 11:41

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски05/03/2026 - 12:31

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ03/03/2026 - 21:1103/03/2026 - 21:30

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:29

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски03/03/2026 - 13:2903/03/2026 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен