Општина Карпош работи на унапредување на имплементацијата на обновливи извори на енергија

Од:

Во хотелот „Бест Вестерн“, денеска се одржа националната конференција на „CooHeating“. Станува збор за проект кој ја опфаќа улогата на општините во развојот на системи за централно греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија. Општина Карпош е локална самоуправа која е дел од овој проект заедно со други општини од државата и од соседството. Конференцијата ја отвори Владимир Кироски, вработен во кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош, и во негово име истакна дека Општината е локална самоуправа која веќе ги има имплементирано овие системи за ладење и греење од обновливи извори на енергија, но исто така, во иднина, Општината ќе работи на воведување на овие системи во институциите кои се дел од локалната самоуправа, како и имплементирање на овој систем во цела населба, особено кога сите општини кои се дел од градот Скопје, вклучително и Општина Карпош, се соочуваат со големо аерозагадување. Овие системи се проект на иднината кои ќе помогнат аерозагадувањето значително да се намали.

Раководителот на Одделението за енергетска ефикасност Љупчо Димов нагласи дека Карпош е Општина која е „пионер“ во оваа сфера на создавање на системи за греење и ладење од обновливи извори на енергија, со тенденција, овој ефикасен систем да го воведе за што поширока и помасовна примена.

На националната конференција учествуваа со свои предавања и професорот Невен Дуиќ од универзитетот од Загреб, Хрватска, Владимир Ѓоргиевски, од SDEWES- Skopje, Илија Насов од Plasma/ Camel Solar, Марјан Бојчевски од Rehau, како и Павлина Здравева претставничката од UNDP, Александар Дединец и Верица Тасеска – Ѓоргиевска од од Македонската академија на науките и уметностите.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот