Општина Карпош: Оние кои сакаат да вршат дејности претстојниот викенд да се пријават на емаил

Од:

Како резултат на новите одлуки од Владата, а во врска со коронавирусот, Општина Карпош ги известува сите фирми кои вршат достава на храна / лекови, а кои веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење на дејност и во полициски час – дека истите и понатаму имаат важност претстојниот продолжен викенд (05, 06 и  07 јуни).

Исто така, како што информира Општина Карпош, сите други компании кои сакаат да вршат достава на храна / лекови, а до овој момент не се пријавиле, треба веднаш да пополнат пријава и да ја испратат на [email protected] во текот на денешниот ден, најдоцна до 18:00 часот.

Нерегистрираните земјоделци кои сакаат да вршат дејност во општината, како и надвор од Карпош, околината на Скопје, за време на претстојниот викенд, да се пријават на [email protected] , со име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност, број на катастарска парцела и во кој период од полицискиот час ќе работат. Истите податоци да ги испратат во текот на денешниот ден, најдоцна до 18:00 часот, вели Општината.

Хранителите на бездомни животни и голубарите, исто така, треба да се пријават на [email protected], до 18:00 во текот на денешниот ден, со име и презиме, живеалиште и период од денот кога би вршеле дејност, како и да го наведат потегот на кој ќе хранат бездомни животни.

Истакнуваме дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид, потенцираат од Општината од каде ги повикуваат сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи и додаваат дека секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош