Општина Карпош ќе ги разгледа сите спорни ДУП-ови

Од:

Општина Карпош со Град Скопје и со Министерството за животна средина и просторно планирање ќе преземе итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Ќе се формира експертски тим кој ќе треба да ги разгледа сите спорни ДУП-ови. Ова денеска го изјави градоначалникот на Карпош Стеафан Богоев.

За следната година најави реализација на проекти кои треба да го решат проблемот со паркирањето. Заедно со Агенцијата за млади и спорт во Карпош ќе се гради еден од реонските базени, фитнес зони, паркови за миленици…

Богоев ги демантира обвинувањата изнесени од, како што рече, некои политичари и од некои медиуми. – Никој не е избркан од работа. Се работи за 42 лица на кои договорот за работен ангажман во општина Карпош им е истечен. Дел од нив воопшто не оделе на своето работно место, а земале плата од општината која е во потешка состојба, а дел биле ангажирани на позиции на кои во моментов нема потреба да бидат бидејќи и онака е пренатрупано. Не се работи за политички реваншизам, изјави Богоев.

Тој појасни дека во моментов има околу 130 лица со договор на дело, а уште 90 со договор на дело кои се грижат за хигиената на општината.

– Општина Карпош во моментов има околу 400 вработени, рече Богоев. Додаде дека Карпош е една од превработените општини во Македонија.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски