Општина Карпош ќе ангажира лични асистенти за учениците со посебни потреби

Од:

Општина Карпош, во учебната 2018/2019 година ќе ангажира лични асистенти за учениците со посебни потреби за сите десет основни училишта.

Станува збор за лични и образовни асистенти кои ќе овозможат полесно следење на наставата и совладување на училишните обврски од страна на учениците со посебни потреби.

За реализација на овој проект, денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев склучи меморандуми за соработка со директорките на сите десет основни училишта на територија на Карпош.
Ангажираните асистенти ќе бидат невработени лица кои преку скратеното работно време ќе имаат можност да стекнат нови вештини и да излезат на пазарот на трудот.

Градоначалникот Богоев посочи дека овој проект претставува вистинска поддршка за учениците со посебни потреби, но, и можност невработените лица да можат да бидат поконкурентни и да им се понудат подостоинствени услови за живот.

Општината ќе продолжи да работи на подобрување на условите за лицата со посебни потреби. Тоа ќе го правиме и преку поставување на пристапни рампи пред влезовите и образовните установи, но и наменски, сензорни соби во дел од училиштата, со цел полесно овие ученици да ја следат наставната програма, рече Богоев.

Проектот за ангажирање на лични асистенти за учениците со посебни потреби е во соработка со Програмата за развој на Обединети нации (UNDP) , Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски