Општина Карпош ја прослави 40-годишнината од форимрањето

Од:

Со свечена академија општина Карпош вчера го прослави својот 40-ти роденден. На одбележувањето на четиридеценискиот јубилеј, присуствуваа многубројни гости од сите сфери на општественото живеење, како и делегации од збратимените општини на локалната самоуправа, кои доаѓаат од соседните балкански држави.

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, во својот пригоден говор, ретроспективно се наврати на почетоците од формирањето на општината во далечната 1976 година. Тој им се заблагодари на сите претходни градоначалници, советници, како и вработени во администрацијата на Карпош и потсети дека секој од нив лично придонел за сегашниот статус на локалната самоуправа, да го носи приматот на една од најурбаните општини во Република Македонија.

– Постојано вложуваме во инфраструктурата во Карпош, во изградба на нови паркови и плоштади, засадување дрвја, реконструкција на училишта и градинки, и реконструкција на фасади. Во моментов ги реконструираме покривите на индивидуалните и колективните станбени објекти и ги заменуваме старите и дотраени лифтови во зградите. Започна изградбата на градинка во населеното место Бардовци, предвидено е во иднина и изградба на училиште, истакна Јакимовски.

Освен во инфраструктурни зафати, додаде, вложуваме и во граѓаните.

– Со посебен ентузијазам инвестираме во најмладите карпошани преку училишните спортски лиги, развивајќи го спортот на повисоко ниво во општината. Не ги забораваме пензионерите, и им помагаме на социјално загрозените семејства кои живеат на наша територијата. Нашата цел е постојано да се надградуваме и да работиме во интерес на нашите сограѓани, истакна Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски