Општина Гостивар: Во средното техничко училиште се вработувал неквалификуван кадар

Од:

Тема на денешната прес-конференција во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ“ на општина Гостивар беше образованието, односно лошото раководење во Средното општинско техничкото училиште „Гостивар“, за време на мандатот 2013-2017.

„Иако има многу злоупотреби во ова средно училиште, денес ќе ве информираме само за неколку од нив. Дипломиран фармацевт бил ангажиран со полн 20-часовен фонд за математички предмети. Инженер по архитектурата бил ангажиран по предметот англиски јазик, а она што е најинтересно, дипломиран кадар во бизнисот бил ангажирана 4 часа за екстерно тестирање, 2 часа за фотокопирање и 2 часа за Фејсбук“, информираше портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири.

Тој, како доказ, даде на увид фото-копии од решенијата за засновање на работен однос за наведените случаи на непочитување на законските нормативи.

„Ангажирањето на овие кадри е направено само поради тоа што тие се партиски активисти и послушници на нивниот патрон“, истакна Демири.

Да потсетиме дека Министерството за образование и наука, под притисок на огранокт на ДУИ во Гостивар, му ги одзеде надлежнстите на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во делот за именување и разрешување на директори.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија