Општина Гостивар во петок ќе спроведе прскање против комарци

Од:

Гостиварската локална самоуправа најави дека до крајот неделата ќе се врши дезинсекција на повеќе локации и апелира до одгледувачите на пчели да преземат наврмеени активности за заштита на пчелните семејства.

– Во петок (4 август) ќе се изврши запрашување на подрачјето на општина Гостивар против комарци и други штетници. Дезинсекцијата ќе се врши навечер, од 21 до 1 часот, како и во раните утрински часови од 3 до 6 часот, доколку дозволат атмосферските прилики. Во случај на дождливо време или силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден или некој друг ден со подобри атмосферски услови, се наведува во соопштението на службата за информирање од Општина Гостивар.

Со планот за динамиката на активностите, дезинсекцијата ќе се спроведе на четири локации, бреговите на Вардар по течението низ село Равен, делови околу каналот за наводнување во населбата Малеарди, населба Фазанерија по должината на каналот за наводнување и околу бреговите на реката Јахорка во село Форино.

Дезинсекцијата ќе ја врши овластено претпријатие ДПТУ ДРЕАМ-МС. За дезинсекција ќе се користи разреден Aqua-Kothrine (од 50 до 100 мл/ха) што е согласно со барањата на Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари