Општина Гостивар: „Вистината за ДУИ“ – МОН за едни мајка, за други маќеа

Од:

Директори на училишта, отпуштени во 2013 година кога co општина Гостивар раководеше Невзат Бејта од ДУИ, на прес-конференција презентираа докази дека биле разрешени без никаква постапка и дека Министерството за образование и наука (МОН) не презело ништо.

„Го свикавме овој прес, за да ги демантираме невистините од министерката, заменикминистерот од ДУИ и поранешниот градоначалник, искажани на медиумите и на социјалните мрежи, наводно дека сегашниот градоначалник на Гостивар, ги прекршил одредбите од Законот за основно и средно образование, па поради таа причина му се одземени надлежностите од страна на МОН во делот на именување и разрешување на директори. Тие, како да заборавија дека пред 5 години, односно во 2013 поранешниот градоначалник, уште во првиот ден по преземање на функцијата градоначалник, со невиден цинизам, на социјалните мрежи најави што ќе се случи, пишувајќи статус „Добро утро, директори“ и тоа се оствари со тоа што не повика во општината сите нас 15 директори и ни соопшти дека нашата политичка опција изгубила и дека поради тоа треба да поднесеме оставка“, рече во името на колегите Екрем Исмаили, директор на ОУ Исмаил Ќемали во периодот 2009-2013 година.

Тој посочи дека нивните реакции дека се избрани со конкурс и дека нивното разрешување треба да биде во согласност со Законот за основно и средно воопшто не беа земени во предвид и дека за две недели, тогашниот градоначалник ги разреши сите повикувајќи се на членот со кој е пропишано дека градоначалникот именува и разрешува директори.

„Со ова, јасно се докажува дека одземањето на ингеренциите е политички чин и дека нема никаква врска со Законот за основно и средно образование, како и дека законските прописи важат за сите и во било кое време додека се во сила, но во конкретниот случај, МОН за едните е мајка а за другите маќеа“, подвлече Исмаили.

На прес конференција, како доказ пред новинарите и јавноста, беа приложени и решенијата за разрешување на директори во 2013 година.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли