Општина Гостивар: Сите граѓани кои претрпеле штети од последните поплави да ги пријават во Центарот за општински услуги

Од:

Општина Гостивар ги известува граѓаните дека има формирано Комисија за утврдување на штетите предизвикани од поплавите, во согласност со постојните законски одредби.

„Во согласност и со заклучоците од шестата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во систем за управување со кризи на централно ниво, што се одржа на 05.03.2018 година, Општина Гостивар:

Ги повикува сите граѓани на општина Гостивар кои претрпеле штети од последните поплави, истите да ги пријават во Центарот за општински услуги при Општина Гостивар.

Комисијата за утврдување на настаната штета ќе врши увид на самото место и согласно законските одредби ќе се утврди висината на обештетувањето“, се вели во соопштението на Општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар