Општина Гостивар се збратимува со турската општина Килис

Од:

Делегација од Општина Килис – Турција, престојуваше вчера во Гостивар, при што се сретнаа со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

При посетата, градоначалникот Таравари и овластениот од страна на градоначалникот Хасан Кара, директорот за културата во општина Килис, Махмут Селџук, потпишаа договор насловен Повелба за добри намери, што подразбира меѓусебна помош меѓу двете општини и одржување во живот на меѓусебната соработка во иднина.

Потпишувањето на овој договор отвора пат за збратимување на двете пријателски општини, што ќе се формализира на една од наредните седници на Советот на Општина Гостивар.

Општина Гостивар и Општина Килис ќе соработуваат во економска, образовна, културна, спортска и во други области од општествениот живот.

Општина Килис се наоѓа во централно-јужниот дел на Турција и има околу 100 илјади жители.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он