Општина Гостивар: Се работи интензивно на изградба на нова водоводна линија во село Балиндол

Од:

Јавното претпријатие „Комуналец” – Гостивар, работи со висок интензитет во реализација на проектот за изградба на нова водоводна линија во село Балиндол, поточно во населбата наречена Стар Балиндол.

Досега е отворен каналот во половина од вкупната должина, а се започна и со поставување на цевководот што ќе се поврзе со главната линија на градскиот водовод во близина на големиот пазар.

„Со новата водоводна линија се зголемува преносиот капацитетот на водата за пиење и се одбегнуваат сите загуби кои ги предизвикува досегашната линија. Се надевам дека жителите на Стар Балиндол, големиот празник Рамазан ќе го дочекаат со вода 24 часа дневно. Новата водоснабдителна линиј е долга 1860 метри и од неа со вода ќе се снабдуваат околу 300 домаќинства”, информира директорот на ЈП „Комуналец”, Исак Лазами.

Инаку, наскоро ќе се работи на подобрување и проширување на водоводната и канализациона мрежа во селата Здуње, Дебреше и Чегране.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он