Општина Гостивар: Сe чисти каналот за наводнување и се уредуваат дворовите од колективните станови

Од:

Јавното претпријатие „Јавни паркинзи и зеленило” во низата акции за уредување на на јавните површини и зеленилото, деновиве работи во уредување на зелените површини кај блокот станбени згради на левата страна од реката Вардар, односно спроти големиот градски пазар во Гостивар.

„Во моментов се работи на блокот колективни згради кај улица Кеј Вардар спроти градскиот пазар, каде што се сечат гранки од дрвја кои го попречуваат нормалното движење на пешаците“, известуваат од претпријатието.

Покрај хортикултурно уредување, вработените во ова претпријатие, вршат и чистење на каналот за наводнување.

„Работиме на расчистување на каналот за наводнување по должината низ градот. Се сече непожелната вегетација и се отстрануваат отпадоците. На овој начин ќе се отстрани лошиот изглед, но и ќе се оспособи каналот за да биде функционален”, известуваат од ЈП „Јавни паркинзи и зеленило“ Гостивар.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он