Општина Гостивар: Пари на училиштата им се префрлаат, проблем е раководењето

Од:

Обвинувањата на директорите на училиштата кои вчера на прес-конференција се пожалија дека објектите им останеле без струја поради непрефлени пари, Општина Гостивар децидно ги отфрла нагласувајќи дека станува збор за недомаќинско работење.

Во демантот кој денеска е испратен до медиумите се наведува дека Општина Гостивар освен блок-дотациите на училиштата им префрла дополнителни средства од општинската каса на основните и средните училишта

– Од почетокот на мандатот на општинското раководство до денес на име блок-дотации за основни и средни училишта на Општина Гостивар ѝ се префрлени вкупно 275.930.033 денари, додека вкупните трошоци за оваа намена изнесуваат 280.330.703 денари. Тоа подразбира дека Општина Гостивар од основниот буџет за основни и средни училишта издвоила 5.136.945 денари, односно над 84.000 евра, се наведува во демантот.

Според општинарите, искажаните ставови на дирекотрите на прес-конференцијата вчера се неосновани и политички инстриурани.

– Вината за настанатата ситуација треба да ја бараат во нив, бидејќи тоа е последица на нивната неспособност и лошо менаџирање, карактеристика што ја следи политичкиот субјект кој тие го претставуваат, нагласуваат од општина Гостивар.

Освен за училиштата, од општинската каса се издвојуваат уште седум милиони денари за градинките и за други намени кои треба да бидат покриени од блок-дотации од централно ниво.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он