Општина Гостивар: ОУ „Перпарими” со повеќе воннаставни активности

Од:

Во Основното училиште „Перпарими” Чегране, се случуваат повеќе воннаставни активности. Учениците од ова училиште неодамна учествуваа во проектот “Со читање до лидерство”, проект организиран од УСАИД, чија цел е мрежно поврзување со пријателски училишта.

„Во ова вмрежување беа презентирани работи и активности на 3 пријателски училишта и се одржаа разни работилници во форма на соработка. Вмрежувањето се реализираше во „Гоце Делчев“ од скопската општина Аеродром, а нашето училиште се презентираше со проектот „Бетмен – мој херој”, информира директорот Блерим Амети.

Исто така, во ова училиште, во вторникот се одржаа пинг-понг натпревари, на коиучествуваа 24 ученици од вишите одделенија, односно од VI до IХ одделение. Најуспешните натпреварувачи беа наградени со скромни подароци.

Од училиштето ценат дека воннаставните активности треба да бидат во функција на развој на талентите, вештините и способностите на учениците, како и во правец на јакнење на нивната самодоверба, како и позитивен имиџ за училиштето.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија