Општина Гостивар најавува два милиони евра инвестиции во инфраструктура

Од:

Оваа година ќе ја завршиме со инвестиции во инфраструктурни објекти низ општината во вредност од два милиони евра, вели градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари.

Тој со соработниците при посетата на селото Дебреше се запозна со текот од завршната фаза на асфалтирањето на една улица, за која од општинската каса се издвоени близу 800 илјади денари.

– Во предизборната кампања го посетив маалото Дреница и ми кажаа дека 40 години ништо не е направено за подобрување на условите за живот. Тогаш им ветив и ветувањето е исполнето, како и уште пет други барања. Во тек се и други инфраструктурни проекти и според планот, вкупните инвестиции во канализации, водоводни мрежи, улици и други инфраструктурни објекти, до крајот на годината ќе достигнат два милиони евра, изјави градоначлникот Таравари.

Покрај асфалтирањето на улицата, во Дебреше од денеска има и уреден паркинг пред џамијата Рабија, за што жителите на Дебреше доставиле барање преку членот на Советот во општината од нивното село.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија