Општина Гостивар: Максимални напори за да им помогне на лицата со посебни потреби

Од:

Општина Гостивар за овој четиригодишен мандат ќе направи максимални напори за да им помогне на лицата со посебни потреби, со посебен акцент децата. Во оваа насока, градоначалникот на Гостивар, оствари средба со координаторот на Центарот за ресурси поддржан од УНИЦЕФ, Маргарита Милошеска.

Г-ѓа Милошеска го запозна градоначалникот Таравари за потребата од имплементација на проект за асистенција за училиштата и домашна асистенција за лицата и деца со посебни потреби, како и дека во моментов работи на проектот поддржан од УНИЦЕФ “Филмски караван за детство без пречки”

Градоначалникот на Гостивар ја увери г-ѓа. Милошеска дека Општина Гостивар ќе поддржи секаква иницијатива за подобрување на квалитетот на живеење на лицата со посебни потреби, како и дека статусот на овие лица, заземазначајно место во програмата на Општина Гостивар за мандатот 2017-2021.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари