Општина Гостивар ќе воведе онлајн Платформа за поплаки од граѓаните

Од:

Општина Гостивар и Nexus CC, потпишаа Mеморандум за соработка за воведување на онлајн Платформа која ќе им овозможи на граѓаните лесно и брзо да поднесуваат жалби, а нa општинските институции им овозможува да ги канализираат тие барања на погодно место.

Raporto.mk е онлајн платформа која ги собира поплаките од граѓаните за општинските јавни услуги и ги презентира на интерактивна мапа.

На Платформата ќе може да се пријавуваат проблеми од следните категории: отпадоциу, дупки на патот, загадувачи на воздухот (чад од фабриките и куќите, диви депонии, отпадни води, и категоријата Разно (јавно осветлување, оштетени тротоари, неисчистени улици од снег и мраз и др.)

За потребите на Платформата и пријавувањето на проблемите, Општина Гостивар ќе назначи одговорно лице кое ќе ги информира граѓаните за приемот на поплаките за тоа до каде е нивото на дејствување и на крајот за конечното решение на проблемот. Тоа лице ќе биде линкот до јавните претпријатија кои треба да дејствуваат и да го решат проблемот.

По изготвување на Платформата, претставници на NEXUS, ќе направат презентацијата за користење Платформата во општина Гостивар.

Raporto.mk е базиарана врз отворенатѕа платформа на FixMyStreet од mySociety.

NEXUS ja донесува во Македонија оваа Платформа во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ) во Вашингтон.

Проектот е финансиран од Амбасадата на САД во Македонија преку НВО Democracy Lab од Тетово.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија