Општина Гостивар ги укина службените мобилни телефони

Од:

Трошоците за претплата, разговори и други услуги на над 50 телефонски броеви нема повеќе да ги плаќа општина Гостивар. Во иднина, службените телефони ќе станат приватни и фактурите ќе си ги плаќаат самите службеници.

Укинувањето на поволностите ги најави градоначалникот Арбен Таравари преку својот „Фејсбук“ профил како дел од кампањата „Да го штедиме буџетот“.

– Ниеден вработен во општина Гостивар, од почеток на август 2019, нема да користи службен телефон. #ДаГоШтедимеБуџетот, стои во постот на Таравари.

Според секретарот на општина Гостивар, Назми Јусуфи, договорот со досегашниот мобилен оператор не е продолжен и нема да се склучува нов.

– Броевите кои беа опфатени со договорот, во иднина ќе бидат приватни и лицата кои досега ги користеа сами ќе си ги плаќаат трошоците. Овој потег е во рамки на кампањата за штедење и намалување на трошоците. Досега за трошоците за мобилни услуги, општината плаќаше над сто илјади денари месечно. Од овој месец сите вработени сами ќе ги плаќаат сметките, изјави Јусуфи за МИА.

Според досегашната пракса, поголем дел од вработените, раководителите на сектори и други служби кои се под надлежност на локалната самоуправа, користеа службени телефони. За оваа намена на годишно ниво од општинската каса се одлеваа близу 20 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор