Општина Гостивар формира локален совет за превенција

Од:

Во Општина Гостивар, денес одржаа заеднички состанок градоначалникот, претседателот на Основниот суд, еден претставник од Основното обвинителство и командирот на Полициската станица – Гостивар.

Целта на состанокот беше формирање на Локален совет за превенција според препораките на ОБСЕ и Министерството за внатрешни работи.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, изјави за медиумите дека оваа средба повеќе имаше информативна и консултативна цел, а во иднина ќе се остваруваат редовни состаноци со дефиниран дневен ред, на секои две недели.

„Одлучивме да формираме Локален совет за превенција со цел да соработуваме и да функционираме во интерес на граѓаните и кон проблемите да имаме превентивен пристап. Како што ме информираше командантот на полициската станица, ние сме прв град што има формирано ваков совет и се надевам дека ќе бидеме позитивен пример и за другите општини. Ќе држиме редовни состаноци на секои две недели во понеделник, со одредени точки на дневен ред и ќе ја информираме јавноста за проблемите со кои се соочуваме, како и за одлуките и активностите кои ќе се преземаат“, изјави Таравари по состанокот.

Општина Гостивар изразува подготвеност за секаков вид меѓусекторска и меѓуинституционална соработка, со цел процесите да одат напред и од нив корист да имаат сите граѓани, особено во однос на безбедноста, без оглед на нивната етничка, верска припадност или политичко убедување.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар