Општина Гостивар: Фирмата „Картел“ ја блокира жиро-сметката на гостиварската гимназија за долгови направени од Невзат Бејта

Од:

Приватното претпријатие „Картел” од Гостивар, позната како една од најблиските фирми со поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, ја има блокирано жиро-сметката на СОУ „Гостивар“ со што го оневозможува нормално функционирање на оваа образовна институција со најголем број на ученици во Гостивар. Ова се должи на долговите создадени за изградба на спортската сала на ова училиште во периодот 2005-2009 година, кога со општина Гостивар раководеше Невзат Бејта, велат од Општина Гостивар.

„Ирфан Јашари од „Картел”, имаше можност создадениот долг да го побара во мандатите 2005-2009 и 2013-2017, кога на чело на општината беше самиот градоначалник Невзат Бејта како нарачател на работите, но тој долгот го бара после 10 и повеќе години, со единствена цел да ја блокира работата на една раководна општинската структура, која кормилото на општината го презеде преку слободно изразената волја на граѓаните и покрај фактот дека целиот државен апарат се мобилизираше тоа да се спречи.

Му даваме до знаење на Ирфан од „Картел“ и на неговиот бос, граѓанинот Н.Б. дека со блокирање на жиро-сметката на гимназијата, го спречува нормалното функционирање на училиштето и ја попречува волјата на наставниот кадар, родителите и илјадници ученици, да го вратат имиџот на гостиварската гимназија како елитно училиште какво што беше некогаш“, се вели во соопштението на Општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар