Општина Гостивар донесе решение за запирање на објавувањето на одлуката за избор на претседател на Советот

Од:

„Градоначалникот на општина Гостивар, врз основа на член 50 став 1 точка 2 а во врска со член 51 став 1, 2, 3 и 4 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002), донесе Решение за запирање на објавувањето на Одлуката за избор на Претседател на Советот на Општина Гостиварво Службениот билтен, бидејќи истото не е донесено во согласност со Законот за локалната самоуправа, Статутот на Општината, како и Деловникот на Советот на Општина Гостивар.

На Конститутивната седница на Советот, предлогот е даден од страна на Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања, која Комисија, според Деловникот на Советот на општина Гостивар, не е надлежна за предлагање на кандидат за претседател на Советот на Општината.

Инаку, како што наведе пред извесно време градоначалникот Арбен Таравари, наскоро ќе се формира ново мнозинство и граѓаните на Гостивар ќе ги имаат функционални двата органи на единицата на локалната самоуправа, односно Градоначалникот и Советот на општината, кои ќе ја одразуваат слободната волја на граѓаните на Општина Гостивар“, се вели во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица