Општина Гостивар доби буџет за 2018 година

Од:

Советот на општина Гостивар го изгласа буџетот за 2018 во продолжението на третата седница.

Буџетот беше поддржан од мнозинство на членови во Советот со 16 гласа за во кое беа прифатени измени и скратувања на ставки за времени вработувања и трошоци.

Во дискусијата градоначалникот на oпштина Гостивар, Арбен Таравари, нагласи дека овие скратувања кои ги бараше Комисијата за финансирање од 12 на три милиони денари ќе предизвикаат проблеми во функционирањето на градинките ЈБ, Комуналец и ППЕ.

Буџетот на Општина Гостивар и претходно беше камен на сопнување и партиски пресметки во Советот што предизвика времено финансирање во изминативе три месеци. Доколку денеска не беше изгласан буџетот постоеа можности за распуштање на Советот и распишување на нови избори за членови на советот.

Би можело да ве интересира

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар