Општина Гостивар бара да се проверат новите вработувања во образованието

Од:

Од општина Гостивар побараа од Јавното обвинителство, трудовата и просветната инспекција да ги проверат новите вработувања во секторот образование, кои како што беше соопштено на прес-конфренција биле незаконски и селективни. Гостиварските локални власти се жалат на опструкции кои доаѓаат од Министерството за образование.

– Ние поднесовме барање за повеќе од 40 вработувања и не добивме повратен одоговр. Чувањето во фиока на документацијата со барањето ја одразува целта на Министерството. Го повикуваме јавниот обвинител и просветните инспектори да спроведат соодветна истрага во врска со прикривањето на одговорот за вработување на наставен кадар во Гостивар. Според информациите со кои располагаме, одговори од оваа природа се добивале во рок од три недели. Во овој период, Комисијата за трансформација на рабоните места три пати поднела барање и сé уште не сме добиле никаков одговор, рече Аслијан Снопче раководителка на секторот за образование на општина Гостивар.

Таа на конференцијата за новинарите посочи дека вработувањата кои актуелната локална власт ги направила биле со редовни конкурс. Од 150 работни места со договор на дело било интервенирано во трисетина случаи кои во најголем дел се однесувале на несоодветен кадар

Снопче ги обвини ДУИ дека од директорите на образовните установи барале да им достават списоци со лица кои се времено вработени или пред пензија, што, како што рече, е дел од план креиран од страна на Министерството за образование со кој се уништува образованието во Гостивар.

Таа најави дека наскоро ќе излезе со конкретни бројки за “чистката“ која ја спровеле директорите на ДУИ со директна согласност на министерот за образование.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија