Oпштина Гевгелија демантира дека веб сајтот го користи за промоција на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во врска со информацијата „Интернет-страницата на општина Гевгелија – маркетинг промоција на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ“, објавена на интернет порталот А1ON, Ве информираме за следното: 

На официјалната интернет страница на општина Гевгелија се објавуваат информации за и во општина Гевгелија, кои се од интерес на граѓаните на општината, но и пошироко. Ваквата практика, која се применува и во другите општини, продолжува и во текот на изборната кампања, бидејќи дел од проектите и зафатите започнале да се реализираат порано и сега финишираат (оградување и доизградба на одводниот канал „Рауљ“, канализациска мрежа во Прдејци, детско игралиште, автобуски постојки).

Во текот на изборната кампања градоначалникот на општината продолжува да ја обавува својата функција, а тоа значи остварува протоколарни средби и контакти, присуствува на протоколарни манифестации (отворање на пензионерски клубови од страна на Здружението на пензионерите, полагање на цвеќе на спомен обележјето на екстрадираните Евреи организирано од СЗБ од НОВ). Истовремено, поднесува Извештај за едногодишната своја работа, Завршната сметка и Квартален извештај, согласно законските обврски и надлежностите на градоначалникот. Сите овие информации се од посебно значење за граѓаните и во интерес на пошироката јавност, поради што се објавуваат на веб страната на општината, и покрај повторната кандидатура за нов градоначалнички мандат на актуелниот градоначалник. Впрочем, општина Гевгелија за време на изборната кампања и до окончувањето на изборниот процес, продолжува да функционира и работи, а за тоа нејзините граѓани треба да бидат информирани.

Што се однесува до другите наведени шпекулации во истата информација, нагласуваме дека општина Гевгелија досега, сега и во иднина, преку своите средства за комуникација со граѓаните (веб страна, Е-билтен, месечник „Гевгелиски магазин“, Систем 48 часа) ќе продолжи редовно да ја информира и запознава јавноста со факти, како што се:

-На реконструираниот дел од одводниот канал „Рауљ“ е поставена ограда од 700 метри;
-Изградбата на канализациона мрежа во Прдејци е проект на Министерството за транспорт и врски, кој се реализира со финансиска поддршка на Европската инвестициона банка, а по окончаната тендерска постапка, започна да се реализира. По одобрувањето на проектот за канализација во Мрзенци од страна на ЕИБ, според најавите од МТВ, наскоро ќе биде распишан тендер за реализација на овој зафат.

-За изградбата на Градски плоштад, која ќе се реализира фазно, се изработува основен проект, врз основа на усвоеното идејно решение, според кое на дел од шеталиштето е предвидена рекреациона зона. Токуму на овој дел е уредено детско катче по завршената тендерска постапка.
Ваквите факти веќе се објавени на веб страната на општина Гевгелија, но заради пошироката јавност сметаме дека треба да бидат објавени и на Вашиот портал.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме