Општина Гази Баба постави четири пунктови за автоматско дезинфицирање на возилата

Од:

Во насока за поголема безбедност на граѓаните, општина Гази Баба преку Кризниот штаб донела одлука за поставување на четири пунктови за автоматско дезинфицирање на возилата.

Како што информираат од општината, пунктовите се поставени на сите четири влезови и излези од општината.

Првиот пункт е поставени на улица “Благоја Стефковски” кај кино Маџари, опфаќајќи ги сите возила од Петровец и околните населени места од Дрма до Хиподром, вториот пункт кај ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци опфаќајќи ги населените места од Раштак до Стајковци, како и сите возила кои влегуваат од северната обиколница. Третиот пункт е поставен во близина на С-маркет опфаќајќи ги сите возила кои влегуваат или излегуваат во општината од страна на Арачиново. Четвртиот пункт ќе биде поставен на улицата “Коце Металец” во Железара, опфаќајќи ги сите возила кои догаѓаат од страна на општина Бутел.

Сите пунктови имаат целодневен надзор од екипи на ЈКП Гази Баба, додека за време на полицискиот час надзорот го вршат полициските службеници.

Општина Гази Баба изразува голема благодарност до професорите и инженерите во средните училишта “8-ми Септември” и “Михајло Пупин” кои по барање на Кризниот штаб, ја изработија конструкцијата и автоматиката на пунктовите за автоматско дезинфицирање на возилата.
Апелираме до граѓаните да ги одржуваат пунктовите и истите да не бидат оштетувани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица